Skip to main content

Меѓународна потерница по наркодилерот кој избега низ прозор од полициската станица во Кочани

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров (41) од Кочани, од татко Методи и мајка Даринка.

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Станува збор за осомничено лице кое успеа да избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, откако претходно беше приведен бидејќи во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја. Инцидентот се случил на 10 јули околу 20:35 часот.

Во 23:55 часот на влез во с.Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј.(25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани. При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил и А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.


Поврзани вести