Skip to main content

Билиќ официјално нов селектор на Хрватска

Принтскрин од видео

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата.

За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година.

Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето.

Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата на Хрватска во шеснаесетфиналето на тековното Светско првенство, со поразот од Португалија од 2-1.

Хрватската репрезентација, под водство на Далиќ, играше во финалето на Мундијалот 2018, а на последното Светско првенство во 2022 година го освои третото место.

МИА

Поврзани вести