
Првото полуфинале на Светското првенство ќе го играат Франција и Шпанија, а веќе почнаа „нападите“ со изјави од двата табора.
Новиот играч на Реал Мадрид и француски репрезентативец Ибрахимa Конате се осврна на изјавата на Ламин Јамал, кој изјави дека Франција треба да се плаши.
Можат да зборуваат што сакаат… нема страв. Екипата е насочена исклучиво на тоа што ќе биде на теренот. Ќе се обидеме да се подготвиме што е можно подобро и на крајот од натпреварот ќе го видиме резултатот. Не размислуваме како да се запре Јамал, туку комплетниот шпански тим“, изјави францускиот дефанзивец.
Натпреварот Франција – Шпанија се игра на 14.јули во Далас со почеток во 21 часот.

Македонски



