
Театар Куманово започна со подготовка на нова претстава – комедијата „Смрт на погребот“ во режија и авторска адаптација на Ненад Витанов.
Актерската екипа ќе биде во состав: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ, Никица Јанковски, Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска Величковски и Дубравка Киселички.
Костимографијата е на Елена Вангелова, сценографија на Крсто Богоевски а драматург на проектот е Сашо Костовски.
Премиерата е предвидена во септември. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам за сезона 2026.

Македонски



