Skip to main content

Бугарски туристи на плинско решо пржеа ребра на плажа

Видеото на кое се гледаат посетители на една плажа во Грција, кои на големо плинско решо пржат свински ребра за ручек, ги подели мислењата на луѓето на интернет. На „X“ го споделува една Бугарка, која тврди дека станува збор за бугарски туристи.

Таа вели дека поголемиот дел од бугарските туристи повеќе сакаат да си прават или носат своја храна на плажа, отколку да јадат во локалите. Иако многу од коментарите ги поддржуваат, има и такви кои сметаат дека ова е малку претерано, а реално – и опасно.

Поврзани вести