Skip to main content
ВМРО ДПМНЕ

Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ – подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз

Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори.

На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

СДС ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност.

Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен.

На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на СДС, ДУИ и Левица.

Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДС, Левица и ДУИ.

Граѓаните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму затоа на следните избори ќе ги казнат овие партии на кои не им се важни граѓаните туку личните лукративни цели, се вели во соопштението на партијата на власт.

Поврзани вести