
Во вооружен инцидент на Фестивал на салса во Торонто загинаа две лица, а шестмина се повредени, соопшти канадската полиција.
На фестивалот две лица размениле оган, а полицијата на местото на инцидентот пронашла шест лица со прострелни рани, од кои двајца биле мртви.
На фестивалот за време на инцидентот имало околу 13.000 луѓе.
На авенијата Сент Клер, во централниот дел на Торонто секоја година на 11 и 12 јули јужноамерикански фестивал „Салса на Сент Клер“. Овогодишното издание беше 22-ро по ред.
МИА

Македонски



