Skip to main content

Новиот хит на Јелена Розга стигнува во Охрид

По минатогодишниот охридски концерт за кој сѐ уште се зборува и се памети како една од најемотивните музички вечери на Античкиот театар, Јелена Розга повторно се враќа пред македонската публика. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, регионалната музичка ѕвезда ќе одржи голем концерт во Охрид, а овојпат со себе ја носи и својата нова песна „Љуби ме“, која веќе предизвикува огромно внимание кај публиката низ регионот.

Новата песна премиерно беше изведена на „Мелодии Јадрана“, каде Розга ја затвори фестивалската вечер само неколку дена по големиот концерт со кој одбележа 30 години успешна кариера. Песната „Љуби ме“ веднаш го привлече вниманието со својот модерен звук, летна енергија и препознатливиот емотивен стил на Розга.

Се одлучив за оваа побрза песна. Модерна е, убава и летна. Искрено, не можам да престанам да ја слушам. Имам исто чувство какво што имав и за „Лавица“. Во неа никој не веруваше колку што верував јас, а такво чувство имам и сега за „Љуби ме““, вели Розга.

Токму охридската публика ќе биде меѓу првите во регионот што новата песна ќе ја слушне во живо. Розга вели дека со нетрпение го очекува повторното дружење со македонската публика и реакцијата на новиот сингл.

„Навистина сум возбудена што „Љуби ме“ ќе ја отпеам и пред публиката во Македонија. Охрид има посебна енергија и едвај чекам да видам како луѓето ќе ја почувствуваат новата песна. Минатогодишниот концерт беше вечер што никогаш нема да ја заборавам и сигурна сум дека и ова лето нè очекува уште една магична ноќ“, порачува Розга.

Минатогодишниот концерт на Античкиот театар беше меѓу најпосетените музички настани, со атмосфера за која долго се зборуваше и интерес толку голем што се бараше билет повеќе. Годинава очекувањата се поголеми од кога било, особено по новиот музички период што Розга го започна со песната „Љуби ме“.

Во организација на Евентум продукција, концертот на 29 јули најавува уште една спектакуларна летна ноќ под охридското небо, исполнета со емоции, хитови и атмосфера каква што само Јелена Розга знае да создаде.

Поврзани вести