
Кога културата и традицијата се негуваат со љубов и посветеност, тие стануваат најсилниот мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост е дел од поддржувачите на фестивалот Охридско лето, најзначајната културна манифестација во земјава и еден од најреномираните фестивали во Европа.
Од 12 јули, Охрид повторно ќе стане сцена на врвната музичка и драмска уметност, собирајќи светски и домашни уметници, како и публика која повеќе од шест децении го препознава фестивалот како симбол на културниот идентитет и духовното богатство на Македонија. Фестивалската програма на Охридско лето ќе се реализира во перидот од 12 јули до 20 август, на повеќе локации: Античкиот театар, црквата „Света Софија“ и нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“ и сцената Долни Сарај. Вкупно се предвидени 48 настани со учество на над 700 уметници од 24 земји
Со свечен гала концерт насловен „Љубов“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Настанот ќе биде под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а со оркестарот на Националната опера и балет на Македонија ќе настапат реномираната сопранистка Ермонела Јахо од Албанија и светски познатиот тенор Чарлс Кастроново од САД.
За Касинос Австрија Интернешанал Македонија, поддршката на Охридско лето е многу повеќе од спонзорство. Таа претставува вложување во вредностите што го обликуваат едно општество, уметноста, културата, образованието и секако, чувувањето на традицијата. Веруваме дека културното наследство не е само спомен од минатото, туку жива инспирација која ги поврзува генерациите и создава простор за нови идеи, креативност и дијалог.
Како општествено одговорна компанија, Касинос Австрија Интернешанал Македонија континуирано поддржува иницијативи кои оставаат трајна вредност во заедницата. Инвестирањето во културата значи инвестирање во иднината, затоа што токму преку уметноста се гради чувството на припадност, почитувањето на различностите и свеста за сопствениот идентитет.
И годинава, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост ќе стои покрај фестивалот кој повеќе од шест децении е чувар на највисоките културни вредности

Македонски


