
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Неготино и оттаму порача дека Македонија е големо градилиште, додавајќи дека се гради на повеќе од 1.200 локации.
Би сакал само да им честитам за посветената работа на Општина Неготино, на градоначалничката, на советниците, на администрацијата којашто ја поддржува работата на градоначалничката. Да му честитам и на пратеникот којшто доаѓа од Неготино, којшто секогаш се бори за проект повеќе. Да се заблагодарам за посветеноста на мојот колега од Владата и впрочем на сите колеги од Владата бидејќи денеска Македонија е едно големо градилиште, се гради на повеќе од 1.200 локации, низ целата територија на државата. Нешто што досега е незабележано во поновата историја на независна Македонија. И ќе продолжиме и понатаму да ги довршуваме овие проекти, изјави премиерот Мицкоски.

Единствено лоша вест сето ова коешто се случува во државата е оние коишто не и мислат добро на државата, оние коишто не сакаат Македонија да успее, само тие не успеваат да го видат сето она коешто оваа Влада и овие градоначалниците го прават за граѓаните.
Јас би сакал уште еднаш да се заблагодарам на поддршката на граѓаните, којашто ни ја даваат изминативе години. Таа е наша инспирација да продолжиме да работиме уште попосветено во периодот којшто следи, затоа што после децении, после долги години, децении, би рекол, стагнација и просечност, очекуваме конечно од оваа година, да почнеме сето она коешто го стабилизиравме во изминативе две години, да почнеме да го реализираме и да излегува на виделина. Она коешто ќе додаде квалитет во животите на нашите сограѓани. Така што, уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите коишто не следите насекаде и се надевам дека и во периодот којшто следи нашата соработка и сето она коешто го испорачуваме за граѓаните ќе продолжи во уште позасилен интензитет, изјави Мицкоски.


Македонски


