Skip to main content

Николоски: Над 4 милиони евра се инвестира во општина Неготино преку министерството за транспорт

Принтскрин од видео

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на официјалната посета на општина Неготино.

Навистина е задоволство да се биде во Неготино и да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат или ќе почнат да се работат. Драго ми е што со една нова енергија градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем проекти со поддршката од Советот со поддршката од пратеникот, од Владата и лично од премиерот Мицкоски и овде имаме комплетно една нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство, ијвави Николоски.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше програмите и проектите кои се реализираат во општината.

Во моментот преку програми што се од Владата преку Министерството за транспорт се инвестираат околку 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, на водоводни и канализациони системи, паркови, кружен тек, плоштад, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски потенцира дека ќе продолжат да ја поддржуваат општината, а со новите можности кои што се отвараат ќе разговараат и за нови проекти.