Skip to main content

Лукровски: Вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш

Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место откако два месеци беше на боледување. Тој во објавата на Фејсбук вели дека изминатиот период за него било едно големо искушение и се соочил со здравствен предизвик кој го натерал да сфати дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш.

Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период. Во ова искуство научив дека со трпение, истрајност, верба и поддршка, дури и најтешките битки можат да се добијат, напиша Лукровски.

Поврзани вести