Skip to main content

Мицкоски-Гринкевич: Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска се сретнаа со генералот Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на Сојузничките сили на НАТО во Европа (SACEUR) и командант на Европската команда на САД.

Како што сподели премиерот, на средбата се разговарало за актуелната безбедносна состојба, регионалната стабилност и понатамошното продлабочување на соработката во рамките на Алијансата.

Средбата претставува потврда на силното партнерство и заедничката заложба за мир, безбедност и стабилност. Како посветен и доверлив сојузник, Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО, сподели Мицкоски.

Поврзани вести