Skip to main content

Поради топлото влегуваат во реки, езера и бари: Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе

shalev-cohen-on-unsplash

Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, за весникот „Паризиен“ изјави дека повеќето давења се случиле во нерегулирани и небезбедни области за пливање, како што се реки, езера и бари, додека смртни случаи се регистрирани и во приватни базени.

Нуњез, исто така, изјави дека регионот Ил де Франс (париски регион) бележи значително зголемување на интервенциите на службите за итни случаи поради здравствени проблеми предизвикани од жештината.

Најновите податоци покажуваат зголемување од 122 проценти на бројот на интервенции споредено со 2025 година“, рече Нуњез.

Во меѓувреме, според телевизијата БФМ, топлотниот бран во Франција полека слабее на западот од земјата, но високите температури продолжуваат во неколку региони, додека 37 департмани и натаму се со највисок степен на метеоролошко предупредување. 

Поврзани вести