
Утрово повторно се создадоа долги колони на возила на граничниот премин Евзони, за влез во Грција, каде што гужвите значително се зголемуваат со почетокот на викендот и летната туристичка сезона.
Според информации од терен, меѓуграничниот простор на преминот е речиси целосно исполнет, а возилата чекаат подолго од вообичаено за да ја преминат границата. Зголемениот прилив на патници кон грчките летувалишта доведе до заситување на капацитетите на преминот и создавање на подолги колони уште во раните утрински часови.

Македонски



