Skip to main content

Франција го пријави првиот случај на ебола

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското министерство за здравство соопшти дека лекарот се вратил од хуманитарна мисија, јавува „Скај Њуз“.

Пациентот е ставен во изолација, а надлежните служби ги следат и ги идентификуваат сите лица кои биле во контакт со него, наведе министерството, додавајќи дека ризикот за пошироката европска популација е низок.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), епидемијата на ебола во ДР Конго, со која се заразени повеќе од 1.000 луѓе, а починаа најмалку 267, забележа најголем број потврдени случаи во текот на првиот месец од избувнувањето на болеста во споредба со сите претходни епидемии.

Бројот на потврдени случаи на ебола во ДР Конго се искачи на 1.094, вклучувајќи 277 смртни исходи, покажаа податоците на владата објавени во вторникот.

Поврзани вести