Skip to main content

Меси стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства

Во воведниот натпревар од 2. коло во групата J на Светското фудбалско првенство, бранителот на титулата Аргентина ја совлада Австрија со 2:0 со два гола на капитенот Лионел Меси. Со ваквиот ефект на стадионот АТ&Т во Арлингтон, Меси испиша историја, станувајќи најдобар стрелец на мундијалските турнири со вкупно 18 голови.

Триесетиосумгодишниот Меси ја донесе Аргентина во водство во 38. минута, постигнувајќи го својот четврти гол на ова Светско првенство, а вкупно 17. на мундијалските турнири. Точка на победата, Меси стави во петтата минута од судиското надополнување. Претходно, во деветтата минута Меси промаши и пенал.

Меси сега е најдобар стрелец во мундијалската историја, оставајќи го зад себе поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе кој во кариерата постигна 16. голови на светските првенства.