Skip to main content

Џез концерт на Георги Шарески и Џијан Емин во Сули ан во рамки на Скопско лето

Утре вечер, 23.06.2026г. (вторник), на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето ќе се одржи џез концерт насловен „Протерани од рајот“ на Георги Шарески и Џијан Емин со почеток во 20:30ч. во Сули ан (Факултет за ликовни уметности).

Џијан Емин и Георги Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко создавање во моментот. Преку современ звук и суптилна сценска интеракција, вечерта носи атмосфера исполнета со креативност, спонтаност и урбана музичка естетика.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Поврзани вести