
Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата.
По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“.
Во текот на целиот ден посетителите ќе имаат можност да уживаат во богат спортски и забавен програм, да се запознаат со врвни македонски спортисти, репрезентативци и ракометарите на РК Вардар, како и одблиску да ги видат новите капацитети на салата која во иднина ќе биде дом на бројни спортски клубови и натпревари. Во рамки на програмата ќе се реализираат: спортски фестивал и демонстрации на повеќе спортови; средба и дружење со спортски легенди и актуелни шампиони; свечена церемонија на отворање; ревијален натпревар помеѓу македонскиот шампион РК Вардар и РК Вардар Ветерани; детска и забавна зона за најмладите посетители, најави општина Кисела Вода.
Оттаму велат дека спортската сала „Расадник“ претставува една од најзначајните спортски инвестиции во последните години и ќе биде нов центар за развој на спортот, рекреацијата и младинските спортски активности во Скопје.

Македонски



