Skip to main content

Четвртото издание на „Еко трампа“ под слоганот „На ти го, дај ми го“ викендов во Бистро Комедија

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ продолжува со својата успешна иницијатива за промоција на одржливи навики и кружна економија во заедницата. По одличниот одѕив на претходните три настани, претстојната сабота во просториите на Бистро Комедија ќе се одржи четвртото издание на „Еко трампа“ под слоганот „На ти го, дај ми го“.

Настанот има за цел да ја подигне јавната свест за прекумерниот конзумеризам и да понуди практично решение за намалување на отпадот преку повторна употреба на предмети.

Концептот на „Еко трампата“ е едноставен и отворен за сите заинтересирани граѓани. Секој посетител може да донесе до три добро зачувани предмети кои веќе не му се потребни, како што се облека, книги, модни додатоци, детски играчки или ситни функционални апарати. Замени за овие предмети, учесниците можат слободно да одберат нешто што им е потребно од изложените материјали донесени од другите присутни.

Од „Еко-свест“ потенцираат дека клучниот услов за учество е донесените предмети да бидат чисти, уредни и во целосно функционална состојба, со цел да се осигура квалитетот на размената. За да ја поддржат еколошката свест на граѓаните, организаторите во соработка со домаќините обезбедуваат бесплатно кафе за секој учесник кој ќе се вклучи во трампата.

Детали за настанот:

  • Датум: Оваа сабота, 13 јуни
  • Локација: Бистро Комедија, Скопје
  • Време: 11:00 – 14 часот

Со овој настан, организаторите ја продолжуваат мисијата за градење заедница која се грижи за животната средина и активно придонесува кон намалување на еколошкиот отпечаток преку едноставни, секојдневни акции.

Ги покануваме медиумите да го проследат настанот и да дадат свој придонес во ширењето на зелените вредности.