Skip to main content

Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Проф. д-р Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам.

Таа доаѓа на местото на Симона Груевска-Маџоска која поднесе неотповиклива оставка на 12 мај годинава.

Од министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила Предлогот и ја именувала д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ и редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ Скопје за нова претседателка на Советот за македонски јазик.

Министерството за култура и туризам ѝ посакува успех на проф. Лаброска во работењето и очекува активно и посветено придонесување кон заштитата, унапредувањето и афирмацијата на македонскиот јазик“, се наведува во соопштението.

Членови на Советот, освен Лаброска, се: проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Александра Ѓуркова, академик Марјан Марковиќ, проф. д-р Михајло Марковиќ, проф. д-р Марија Паунова, академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Гоце Цветановски.

Поврзани вести