Skip to main content

Седум години затвор за жена што му дозволила на 14-годишниот син да се приклучи на Исламска држава, таму загинал

 Окружниот суд во Хаг денеска осуди 49-годишна холандска државјанка на седум години затвор затоа што му дозволила на својот 14-годишен син да се приклучи на терористичката организација Исламска држава.

Судот ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутирање или користење на деца во вооружени дејствија. Таа беше прогласена за виновна и за помагање на терористичка организација, како и за загрозување на безбедноста и на благосостојбата на децата.

Според обвинението, Ајада К. во 2014 година ги одвела своите две малолетни деца – синот и ќерката – во Сирија. Подоцна му дозволила на синот да се приклучи на полициска структура на Исламска држава, кога тој имал само 14 години. Две години подоцна момчето загинало додека служело во воена единица на оваа џихадистичка организација.

Во текот на судскиот процес обвинетата го искористила своето законско право да не дава исказ.

По поразот на Исламска држава во 2019 година, таа останала во Сирија, а пет години подоцна била репатрирана во Холандија. Ајада К. и нејзините преостанати деца биле приведени во 2024 година по нивното пристигнување во земјата.

Судот оцени дека обвинетата свесно го изложила својот син на сериозна опасност и овозможила негово вклучување во активности на терористичка организација

Поврзани вести