
Заканувачка е-пошта што стигнала до неколку институции во земјата ги алармираше албанските безбедносни власти. Пораката, за која се тврди дека е испратена во име на терористичката организација „Исламска држава“, содржи закана за поставени бомби во просториите на институции во Тирана, Валона и Берат.
„Здраво. Ова е Исламска држава. Со волјата на Алах, поставивме бомба во вашата зграда. Ќе експлодира за два часа. После тоа, вие несреќници ќе бидете растргнати на парчиња. Ќе ве убиеме“, стои во пораката.
Пораката предизвика реакција од безбедносните структури, додека државната полиција и специјализираните антитерористички структури започнаа проверки во просториите каде што е примена е-поштата.
Според извештаите, вклучени се неколку институции, главно од здравствениот сектор и разни служби. Проверките се вршат со кучиња против експлозивни направи и друга специјализирана опрема.

Од досегашните проверки, не се пронајдени експлозивни материјали или направи и се сомнева дека станува збор за лажна тревога. Продолжуваат и проверките во просториите на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), додека истражителите работат на откривање на изворот на е-поштата и идентификување на сторителите на заканата.
Од Министертвото за внатрешни работи информираа дека продолжуваат со активностите а до граѓаните упатија апел дека нема простор за паника, но да избегнуваат движење околу државните инситуции

Македонски


