
Познатата новинарка и главен меѓународен аналитичар на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, реагираше по повод смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, истакнувајќи дека станува збор за еден од најбруталните убијци во светот чии злосторства остануваат забележани во историјата.
Во својата објава на социјалната мрежа Икс, Аманпур посочи дека Младиќ доживеал 83 години – период значително подолг од оној што им го овозможил на десетиците илјади сопствени жртви.
Таа потсети дека масакрот врз повеќе од 7.000 мажи и момчиња Муслимани во Сребреница ќе остане негов вечен срам, но ја истакна важноста што тој сепак беше изведен пред Меѓународниот кривичен трибунал и прогласен за виновен за геноцид и тешки злосторства против човештвото.
Аманпур воедно изрази гордост за работата на новинарите и известувачите во текот на 90-тите години, кои преку документирање на неговите злосторства помогнаа тој конечно да биде изведен пред правдата и да сноси одговорност за своите постапки.

Македонски


