
Денеска одржавме состанок со претставници на Француската бизнис-конфедерација МЕДЕФ, на кој разговаравме за можностите за унапредување на економската и трговската соработка, како и за продлабочување на партнерствата меѓу компаниите од двете земји, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
Во текот на средбата беше истакнато значењето на француските инвестиции и поддршката за создавање нови деловни можности во области како индустријата, енергетиката, инфраструктурата, дигиталната трансформација и зелената економија.
Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за зајакнување на економските врски и унапредување на билатералната соработка.

Македонски


