
По настапи на некои од најпознатите светски локации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по целосно распродадениот шоу настап во Скопје во Public Room, Cafe De Anatolia го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија, кој ќе се одржи во Aleksandar Park, Виница.
Како што најавуваат организаторите, фестивалот претставува спој на современа електронска музика и културно-уметничко доживување, со фокус на Afro House и Organic House звукот, надополнет со визуелни уметности, гастрономија и винска култура.
Настанот ќе се одвива во две ноќи, 10 и 11 јули, петок и сабота од 20:00 до 03:00 часот, со интернационални диџеи, сценски перформанси, танчери и пантомимичари. Саботниот ден дополнително носи дневна програма од 15:00 до 20:00 часот со бесплатна дегустација на вина од повеќе од пет локални винарии, уметнички изложби, храна и фестивалски пазар.
Основан од семејството Илиеви – Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиевa (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth/Nickarth)– брендот бележи континуиран раст и признанија, па така, номиниран е од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL, за „Label of the Year 2025“ и „Artist of the Year 2025“.
Со воспоставувањето соработки со глобални гиганти како Giorgio Armani, Four Seasons и Radisson Blu, тие поставуваат нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата, докажувајќи дека Cafe De Anatolia со сигурност е највлијателниот лејбл во својот жанр. Oвој македонски бренд направи историја во Источна Европа со потпишувањето на административен договор со Sony Music Publishing, како и со тоа што беше првиот домашен бренд промовиран на Тајмс Сквер во Њујорк. Со овој историски чекор, Cafe De Anatoliaдополнително ја зацврсти својата позиција како еден од највлијателните независни музички лејбли во Македонија и регионот, соработувајќи со над 5.000 артисти и поседувајќи го најголемиот музички каталог со над 10.000 траки во жанрот Organic House.
Како бренд со глобално препознавање и соработки со имиња како Giorgio Armani, Four Seasons и Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia продолжува да ја носи својата препознатлива светска естетика и звук на нови сцени. Денес, брендот брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи на глобално ниво.

Македонски


