Skip to main content

Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота

Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота.

Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период.

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота со работно време од 08:00 до 12:00 часот, со цел да одговориме на сите барања на граѓаните, соопшти МВР.

Поврзани вести