Skip to main content

Трагедија во Грција: 77-годишна Србинка се удави во Ханиоти

Седумдесет и седумгодишна државјанка на Србија е извлечена без знаци на живот од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, јавува ЕРТ.

Според соопштението на Пристанишната управа на Неа Муданија, која беше информирана за инцидентот денес во утринските часови, жената е пренесена со амбулантно возило во Здравствениот дом во Касандра, каде што е констатирана смрт.

Прелиминарната истрага ја спроведува Второто пристанишно одделение на Неа Муданија при Централната пристанишна управа на Солун, додека телото ќе биде префрлено во Институтот за судска медицина во Солун за обдукција.

Поврзани вести