
Поранешниот тренер на Барселона, Чави, е меѓу кандидатите да седне на клупата на Милан, објави денеска „Кориере дело Спорт“.
Според истиот извор, Златан Ибрахимовиќ, советникот на американската инвестициска компанија „РедБрд“, која е сопственик на италијанскиот клуб, лобира Чави да го преземе клубот за следната сезона.
Раководството на Милан вчера им врачи отказ на тренерот Масимилијано Алегри, генералниот менаџер Џорџо Фурлани и спортскиот директор Игли Таре.
Чави ја предводеше Барселона од 2021 до 2024 година и под негово водство, каталонскиот клуб го освои шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп.

Македонски


