Skip to main content

Потпишан Меморандум за соработка меѓу библиотеките од Златибор и Охрид

Во рамките на 9. „Фестивал на полското цвеќе“ кој на Златибор ( Р. Србија) го организираше Библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ“, директорката на тамошната библиотека Нена Ѓениќ и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска потпишаа протокол за соработка на полето на хортикултурните библиотеки и туризмот меѓу Златибор и Охрид.

Фестивалот на полското цвеќе е бренд на Библиотека од Златибор кој не само во својата средина туку и во регионот е препознаен како уникатен проект, а зад него стојат и Интернет клубот од Србија и Општина Чајетина.

Домаќините и Мирко Марковиќ, претседател на мрежата на Хортикултурни библиотеки во изминатите два дена уште еднаш на присутните библиотекари од повеќе држави практично им ја покажаа моќта на библиотеките, развојот на културниот туризам во помалите средини како и соработка на проекти поврзани со имплементација на иновативнте и креативните програми во областа на современото библиотечно работење.

Директорката на Библиотеката од Охрид, Христина Трпеска учествуваше и во работата на Стручниот семинар „Дигиталните ресурси и јавните библиотеки“ со презентација на работата на нашата Библиотека и проектите кои ги спроведуваме со акцент на дигитализацијата како процес и реализацијата на проектот „Хортикултурна библиотека“ кој две години со ред успешно се спроведува во Охрид.

Нa 28. Семинар на Златибор учествуваа над 50 библиотекари и работници во културата и турзмот од Македонија, Хрватска, Република Српска, Босна и Херцеговина и Србија

Поврзани вести