Деновиве излезе од печат новиот број на алтернативното истанбулско списание „Enternasyonal“ во кое по покана со свои текстови е застапен македонскиот писател Александар Прокопиев. Тој со своја проза од дневнични фрагменти преведени на турски учествува, заедно со уште неколку балкански автори, во блокот инспириран од дневниците на големиот италијански писател Чезаре Павезе.
Прозата на Прокопиев неретко се објавува во Турција, неговата наградувана книга „Човечулец“, во издание на познатото книгоиздателство „Пинхан“ доживеа срдечна рецепција кај турската публика и критика. Се очекува наскоро издавање на негова нова книга.

Македонски



