
Овогодинешното издание на Годишниот фестивал на уметноста – CreArt 2026 – „Во движење: помеѓу медиуми“, ќе се одржи на 26 мај, во Младинскиот културен центар (МКЦ-, од 16:00 до 00:00 часот.
CreArt е мултидисциплинарен настан што ги обединува изложбите, анимацијата, стрипот, фотографијата, инсталациите, перформансите, работилниците и музиката во една заедничка креативна целина. Фестивалот е поддржан од Град Скопје како дел од активностите во рамки на проектот Скопје -Европска престолнина на културата 2028, и Младинскиот Културен Центар МКЦ Скопје.
Ве очекува ден исполнет со современа уметност, интеракција и креативна енергија.
Ова е деталната програма:
МКЦ, 26.05.2025
16:00 – 00:00 часот.
17:00 ч. „Со свои бои“ – изложба и работилница за деца од школска и претшколска возраст -Нина Богуновиќ Петреска, Палета Арт Академија
18:00 ч. „Вовед во анимација (Animation Kickstart)“ – работилница, Гоце Господиновски и Александра Хаџи-Наумова Атанасовска
20:00 – 22:00 ч. Антологија на македонски авторски анимирани филмови – видео проекции (Џебно кино):
Кружно патување на сенката (2013) Режија: Жарко Иванов Кружното патување на Марето (2015 ) Режија: Жарко Иванов Девојката што паѓа (2016) Режија: Владимир Лукаш
Образец Б16 (2017) Режија: Иван Ивановски
Кружно патување на монахот (2018) Режија: Жарко Иванов
Готлиб (2018) Режија: Крсте Господиновски
Карантин (2021) Режија: Иван Андреевски
Небиднина (2024) Омнибус. Режија : Крсте Господиновски, Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш
Неми филмови (2025) Режија Крсте Господиновски
-„ Фрагменти на наративот – Секвенци, прекини и читања во слики“, дигитален цртеж, – групна изложба на млади автори
-„Социјален реализам низ фотографии – Скриените херои на градот Пореч“ – Фатима Зеќири
-„АРХАИКА 2.0 – Нова македонска естетика” – Анета Атанасовски
-„Пополнување на празнината: Парадоксот на отсуството преку присуство“ – Елена Димоска Николовска
Саре Керими – сликање во живо
Ева Николовска – сликање во живо
-„Технонеолит“ – ликовен перформанс – Слободан Живковски
-„Траги“ – текстилна композиција/ инсталација – Маја Ѓуреска и Медина Хоџа
-,,Ковањето на Џонсон” – Инсталација и видео проекција – Срџан Миќиќ
Уметноста на пивото – работилница, презентација и дегустација – Димо Попчев, ПИВОЛАБС
ДиЏеј сет – Диџеј Славе

Македонски



