
На 105-годишна возраст Аргири Ахилеа од градот Пафос е најстариот гласач во Република Кипар и за време на денешните избори, го оствари своето право на глас, а според кипарските медиуми, прв пат гласала на првите претседателски избори во 1959 година, јави дописничката на МИА од Атина.
За кипарската новинска агенција ЦНА, ја повторила нејзината желба изразена на претходните избори, да може да гласа и за изборот на следниот претседател на земјата (на изборите во 2028 година).
– Да се облечам, ќе дојде внука ми Софија да ме земе и ќе одиме да гласаме, рекла Аргири за ЦНА во пресрет на денешните парламентарни избори.
Кусо пред едночасовната пауза во изборниот процес во 12 часот, најстариот регистриран гласач на изборите, го оствари правото на глас и не остана незабележана од новинарските екипи.
На прашањето на новинарите колку пати гласала во животот, кусо одговори многу пати, рече дека сака да гласа и на следните избори, а пред да си замине им испеа и традиционална кипарска народна песна.
Аргири Ахилеа има осум деца, 23 внуци, 40 правнуци и 23 праправнуци.
На Кипар денеска се одржаа парламентарни избори, излезноста беше 67 проценти, а медиумите коментираат дека одуката на 105-годишна баба да го оствари правото на глас, упатува силна, симболична порака за зголемвање на излезноста.

Македонски



