
Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид.
Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе останеме цврсти, а споделената мака е помала мака. Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија. Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. И можам да ги разберам, иако не ги оправдувам, позициите на Бугарија, рече Мицкоски во своето обраќање.
Уште еднаш повика на народно и интелектуално обединување порачувајќи дека мора да се бориме за она во што веруваме и концептот на обединување да се постигне на здрава основа.
И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, било што, на негова штета, рече Мицкоски.

Македонски



