
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека во текот на денот е можна официјална објава во врска со напредокот на мировниот договор со Иран, со кој и формално би можела да се стави крај на војната на Блискиот Исток.
– Многу е веројатно дека светот во следните неколку часа ќе добие добри вести – истакна Рубио пред новинарите за време на неговата прва официјална посета на Индија.
Тој нагласи дека со новиот договор, кој во моментов се доработува, целосно ќе се одговори на загриженоста на САД во врска со Ормуската Теснина, која Иран ефикасно ја блокираше уште од почетокот на војната, започната по американско-израелските напади на 28 февруари. Според Рубио, договорот ќе иницира долгорочен процес кој треба да го ослободи светот од стравувањата поврзани со иранското нуклеарно оружје.
Ваквата изјава на државниот секретар доаѓа веднаш по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на својата платформа „Трут соушл“ потврди дека нацрт-рамката, со која е опфатено и отворањето на Ормуската Теснина, е во голема мера усогласена и се очекува нејзино финализирање меѓу САД, Исламската Република Иран и неколку други земји-посредници.

Македонски



