Skip to main content

Залутан куршум удри дете во двор на училиште во Драчево

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје.

Од МВР велат дека малолетникот не е повреден и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.