
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Охридскиот театар на 24 мај 2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот премиерно ќе ја изведат детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески, по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек.
Во претставата настапуваат актерите Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ, а костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева.
Цената на билетот е 200 денари. Карти се достапни на билетарата на Центарот за култура.

Македонски



