Skip to main content

Руски утрински напади на Одеса и Днипро

ma-ti-on-unsplash

Русија во текот на ноќта извршила напади врз Украина со дронови и ракети, при што биле погодени јужниот град Одеса и Днипро на југоистокот на земјата, соопштија украински официјални претставници.

Во Одеса, главното црноморско извозно пристаниште, дронови погодиле станбени згради, училиште и градинка, при што биле повредени 11-годишно момче и 59-годишен маж, објави преку платформата „Телеграм“ началникот на локалната воена администрација, Сергиј Лисак.

Три лица се повредени и во ракетен напад врз Днипро, соопшти регионалниот гувернер, Олександр Ханжа.

Засега нема официјални потврди од независни извори, но меѓусебните напади со дронови и ракети се секојдневие на руско-украинскиот фронт во услови кога и двете страни негираат намерно таргетирање цивили.

Во меѓувреме, руската страна соопшти дека во текот на изминатата седмица пресретнала и уништила најмалку 3.124 украински дронови.

Според податоци на руското Министерство за одбрана, најголем број дронови биле соборени на 13 и 17 мај, кога биле уништени 572, односно 1.054 летала, главно над европскиот дел на Русија.

Поврзани вести