Skip to main content

Тестовите на британското борбено возило „Ајакс“ не успеале зашто војниците масовно се пожалиле на настинка

Тестовите на британското борбено возило „Ајакс“ во Шведска не успеале бидејќи војниците што учествувале во маневрите, наводно настинале, објави „Тајмс“.

Според изданието, во есента 2021 година, тестовите на оклопното возило биле прекинати кога од 20 до 80 луѓе одеднаш се пожалиле на „силна настинка“.

Симптомите на „настинката“ ги принудиле екипажите и десантната сила да се менуваат на секои 1,5 часа, бидејќи се пожалиле на ужасни вибрации и силен шум за време на возењето, како резултат на што дури добиле и повреди и модринки на зглобовите.

Уште во 2021 година, „Дејли телеграф“ објави извештај од тестот, од кој произлезе дека „Ајакс“ е „приближно погоден за борбени операции“.

Ова, патем, е едно од најскапите борвени возила во светот, со цена која достигнува 12 милиони долари.

Поврзани вести