Skip to main content

Мицкоски се надева дека и СДСМ ќе ги поддржи измените на Изборниот законик

Осврнувајќи се на Изборниот законик, премиерот Мицкоски истакна дека работните групи работат и оти тие се составени од сите политички партии мунус СДСМ и коалицијата што ја предводи.

– Знаете дека Изборниот законик е еден од оние закони во кој е можен филибастеринг, така што кога тој ќе влезе во Собранието, СДСМ, доколку одлучи да не го гласа, може и да направи филибастеринг и да го спречи носењето. Тој е еден од седумте или осум закони во согласност со новиот Деловник, каде што сè уште е возможен филибастеринг – рече премиерот.

Нагласи дека тие како Влада ќе го подготват и достават до Собранието.

– Ќе постои консензус на сите политички партии минус СДСМ. Подготвени сме и со нив да постигнеме консензус кога ќе се вклучат на овие преговори. Доколку постои волја, има и начин да се заврши процедурата пред крајот на јуни – потенцира премиерот Мицкоски.

Поврзани вести