
Во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“ објавено е видео на кое се гледа како двајца млади момчиња крадат велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром.
Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда, пишува Бојан Скендеровски, кој го објави видеото.
На снимката може да се забележи како едното момче го зема велосипедот, додека другото стои во близина и најверојатно чува стража.
Видеото погледнете го тука

Македонски



