
На 16 мај (сабота) во 10 часот, нуркачкиот центар Амфора организира меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро, која оваа година ќе се одржи во Автокамп Градиште.
Акцијата ќе ги опфати следните плажи: Нивици, Оревче, Џангл, Градиште 1 и 2 и Заливот на коските.
Во акцијата ќе земат учество нуркачки клубови од Република Македонија и од регионот, обединети со една цел – зачувување на природната убавина на Охридското Езеро.

Македонски



