
Музичка младина на Македонија продолжува со концертната серија „Млади за млади“ во рамки на програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се претстави со со уште два концерти оваа недела во Скопје.
На 12 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Салон 19:19 при КИЦ – Скопје, ќе настапат младите музичари Лука Костовски – тромбон (класа доц. м-р Димче Белчовски) и Војдан Алексовски – фагот (класа проф. Горан Зафировиќ), со пијано придружба на Весна Тасевска. На програмата се дела од Шулек, Јонген, Телеман, Вајсенборн, Стојовски, Прајор, Вебер и Глиер.
Вториот концерт ќе се одржи на 14 мај (четврток) во 19:00 часот во Музејот на македонската борба – Скопје, каде ќе настапат Јована Филиповска – виола (класа проф. Христијан Моневски) и Ева Малиновска – виолончело (класа проф. Маре Видевска), со пијано придружба на Ива Виденовиќ. Публиката ќе има можност да слушне дела од Бах, Хајдн, Форе, де Фаља, Форсајт и Пјацола.

Македонски



