
Поради технички зафати, неколку улици во Чаир и дел од булеварот Партизански одреди денеска ќе бидат без вода, соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.
Прекинот на дел од булевар Партизански одреди е поради промена на затварачи на булевар Партизански одреди бр.48а и ќе трае од 9 часот до завршување со активностите.
Поради промена на затварачи на улица Коста Арашевиќ бб (кај ОУ „Хасан Приштина“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски, Кемал Ататурк, улица 5-ти Мај и булевар Цветан Димов во Чаир, исто така, од 9 часот до завршување со активностите.

Македонски



