
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт.
На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Агенција за администрација за 2025 година и Годишниот извештај за работата на Агенција за заштита на личните податоци за 2025 година.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат по Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „ Мајка Тереза“ во Скопје.

Македонски



