Skip to main content

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната

Танкер со течен природен гас од Катар најверојатно поминал низ Ормуската Теснина што е прв извоз на земја од регионот на Персискиот Залив од почетокот на војната во Иран, јави денес Блумберг.

Танкерот „Ал Хараитијат“, што беше натоварен во објектот Рас Лафан претходно овој месец, ја напушти теснината и се наоѓа во Оманскиот Залив, а Пакистан е наведен како негова следна дестинација, според Агенцијата за следење на бродови.

Минувањето на тој брод е навестување дека би можело да продолжи поголем проток на течен природен гас, но тоа е далеку од предвоените нивоа од околу три испораки дневно од Персискиот Залив.(МИА)

Поврзани вести