
Иранскиот Парламент утре ќе одржи пленарна седница, по прв пат преку видео-конференциска линија од безбедносни причини, пренесува ДПА.
Портпарол на Парламентот изјави дека закажаната седница ќе се одржи преку интернет „поради моменталната ситуација“, објави иранскиот интеренет медиум Табнак, кој е познат по своите блиски врски со Исламската револуционерна гарда и конзервативните политички фракции.
Фокусот ќе биде ставен на неодамнешните зголемувања на цените по избувнувањето на војната, кои предизвикуваат загриженост кај населението, вели портпаролот.
Последната седница на Парламентот се одржа кон средината на февруари, кратко пред почетокот на американско-израелските напади.
Откако неколку ирански функционери беа убиени во нападите, Парламентот ги прекина своите седници од безбедносни причини. Во овој период, само неколку парламентарни комисии се состанаа на консултации.

Македонски



