
– Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана.
Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада.

Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата и цистерните со вода, по што полицијата употреби водени топови и солзавец.
Имаше повеќе судири со полицијата, обиди за пробивање на полицискиот кордон, по што пристигнаа дополнителни полициски сили.
Лидерот на демократите Сали Бериша, присуствуваше на протестот, но не се обрати.
Претходно за медиумите изјави дека „Нашата изјава дека сме на последниот километар, ја означува нашата обврска да го поминеме овој километар, по секоја цена и услови, до победа”.
– Овој нарко режим мора да си оди. Тие се крадци кои апсолутно никогаш не сакаат интеграција, туку сакаат да крадат и да се збогатат крадејќи јавни средства и средства на Албанците. Затоа, протестите се најмоќниот глас на достоинствените Албанци, на Албанците кои не се согласуваат со оваа ситуација, рече Бериша.

Македонски



