Skip to main content

Пропаднаа преговорите за нова коалициска влада на Данска

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска не успеа да состави нова коалициска влада, откако лидерот на центристичката партија Умерените, Ларс Локе Расмусен се повлече од преговорите.

Расмусен го прекине своето учество во консултациите и предложи водечката улога во формирањето нова влада да ја преземе Троелс Лунд Поулсен од Либерална партија, која може да се обиде да состави десноцентристичка влада.

На изборите во март, Данската социјалдемократска партија на Фредериксен, која е на власт од 2019 година, освои 38 места во парламентот со 179 места, 50 помалку отколку на претходните избори во 2022 година. Тоа беше најлошиот изборен резултат на социјалдемократите од 1903 година.

Изминатите недели коалициските разговори предводени од централнолевичарскиот блок на Фредериксен беа во застој, што влијаеше на брзината на донесување одлуки на владата.

Сега данскиот крал Фредерик треба да одлучи дали повторно ќе и го додели мандатот за формирање влада на Фредериксен или на друго од 11-те партиски лидери.

Кралот Фредерик предвидено е во текот на денот да оствари средба со премиерката Фредериксен.(МИА)

Поврзани вести