Skip to main content

Mицкоски за заканите од Османи дека ако треба со сила ќе брани Законот за правична застапеност да не биде усвоен во Собранието

На прашањето да даде коментар за вчерашната изјава на Бујар Османи во „Само интервју“ дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила, Мицкоски рече дека овие закани ги разоткриваат вистинските намери.

– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон што е одобрен од страна на Венециската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор што ќе го слушаме во периодот што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам што побргу да се усвои – рече тој.

Поврзани вести